Лизгачки (шибер) врати

Во нашата производна програма изработуваме лизгачки врати според желбата на клиентите. Најчесто тоа се специјално дизајнирани врати од сандучести челични профили. За електрично управување се вградуваат мотор-редуктори за овој тип на врати. Тие имаат за цел да го олеснатт управувањето со вратата, односно отворањето и затворањето на вратата да се врши автоматски.

Можноста за вградување на мотор-редуктори е по желба на клиентот, а типот на моторот се избира според типот и начинот на движење на вратата. Моторите за лизгачки (шибер) врати одат во комплет со електроника за автоматски погон, назабена летва со чија помош се движи вратата на страна и далечински управувач односно копче за автоматска команда. Дополнителни додатоци, фотокелии, антени и контролни светла се вградуваат на барање на клиентот.

Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, со кратка интервенција (брава со кључ), моторот се доведува во положба во која може мануелно (рачно) да се врши отворање-затворање на вратата.

 

Галерија: