Заштита на локали – маказести врати

Маказеста врата е одлично техничко решение за максимално искористување на просторот.

Тоа е врата, каде манипулацијата, односно отворањето и затворањето се одвива преку движење на решетка по горни и долни водилки.

Решетката е направена од профилирани вертикали, помеѓу себе поврзани со т.н. маказици, чии краеви слободно се движат по водилниот канал на вертикалите. На едниот крај има поставено по две тркалачки лежишта, кои пак се движат по профилирана шина, со што се олеснува работата на маказестата врата. Вертикалите и маказиците, заедно со спојните и др.елементи кои го сочинуваат подвижниот дел, се сместени во рамка ги прават овие врати сигурни и цврсти. При димензионирање на ваков вид врата треба да се предвиди дека при собирање на вратата се губи од широчината околу 30%, кој го зафаќаат собраните профили од маказата.

Бравата за заклучување е сместена во профил, заштитена од надворешни влијанија и директни механички оштетувања. Со повлекување на страна, маказестата врата се собира на едната страна и потребниот простор е отворен за влез-излез.

Надворешната заштита се состои од електростатски палстифицирани компоненти, а нијансата се избира по РАЛ карта по избор на инвеститорот.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Галерија: