Заштита на локали – цевести мрежи

ЦЕВЕСТА мрежа е атрактивен модел на мрежа каде наместо полна челична жица се користат челични профилирани цевки.

Таа е со иста функција и намена како останатите мрежи, но изгледот ја прави помасивна и повпечатлива.

ЦЕВЕСТИТЕ мрежи-решетки се изработени од челични, профилирани цевки со пречник Ø14mm. и дебелина на стенката од 1,25mm. Профилираните цевки електростатски се бојат, а потоа меѓусебно се спојуваат со поцинкувани спојнички. Сите останати елементи од решетката електростатски се бојат во согласност со нијансата на решетката. Заклучувањето е со тристепена брава.

Со вградување електромотор и автоматика, се овозможува автоматско отоварање-затворање на мрежата со едноставно притискање на копче, на далечински управувач, или пак со мобилен телефон, без при тоа да се потроши ниту еден импулс. Тоа се постигнува со вградување додатен електронски склоп (програмабилен микропроцесор) кој содржи ГСМ картичка која овозможува управување на заштитната решетка со мобилен телефон.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Галерија: