Индустриски сегментни врати

Индустриска сегментната гаражна врата е елегантно решение за индустриска намена. Се отвора вертикално со кревање нагоре, косо според потребите или верткално, а потоа хоризонтално под таванот. Сегментните врати се погодни за разни големини на отвори (мега врати со големина од 12 х 6m) и онаму каде се бара топлотна изолација на заргадениот простор.

Таванските сегментни гаражни врати обезбедуваат искористување на целокупниот простор во гаражата и пред него. Со самото вертикално или косо кревање и нивно поставување под таванот се добива можност за целосно искористување на гаражниот простор од ѕид до ѕид. Исто така и просторот пред самата гаража може да биде целосно искористен бидејќи вратата не одзема место со отварањето.

 

Изработка

Сегментната гаражна врата е изработена од сендвич панел, направен од двоен челичен пластифициран лим со дебелина од 0,5mm, а помеѓу нив исполна со полиуретанска пена. Сендвич панелот е со дебелина од 45mm со што се обезбедува одлична топлотна изолација. Челичниот лим е пластифициран во боја по RAL карта и е отпорен на надворешни влијанија како дожд, снег, налети на бочен ветеар итн. Во долниот дел од последниот панел е вградена заптивна гума која ги регулира сите неправилности и нерамнини кои можат да се појават на подот и обезбедува подобра изолација на просторот. Панелот е изработен од профилиран  пластифициран лим кој во комбинација со боја по РАЛ карта му дава атрактивен, уникатен и модерен изглед.  Овие врати се изработуваат во две стандардни бои бела (RAL 9002) и сребрена (RAL 9006), останатите бои се достапни на барање.

Прозорци (димензија:60х30cm) – Вградување на прозорци во панелот е достапно на барање на клиентот. Бројот на прозорци зависи од големината на вратата и потребата за светлина во просторот, тие се изработуваат од плексиглас сместен во убаво дизајнирана рамка.

Врата во врата – Овој тип на врата дозволува вградување на пешачка врата во самиот панел, каде потребата од влегување и излегување на поединец е честа. Со ова се обезбедува поголема практичност и лесна достапност на гаражнот простор.

 

Управување

Сегментните индустриски гаражни врати можат да се управувааат со механички или автоматски погон. Механичкото рачно управување е обезбедено со повлекување на ланец кој е споен со механички преносник-редуктор. Во овој случај безбедноста  е загарантирана со брава за заклучување која се наоѓа во долниот дел на последниот панел. Автоматско управување е обезбедено со вградување на соодветен индустриски електро мотор-редуктор чија јачина е во зависност од големината и намената на самата врата. Автоматското управување може да биде со далечински управувач или копче.

 

Додатоци

Елементи кои ќе го олеснат управувањето на индустриската сегментна врата и ќе ја надополнат безбедноста, естетиката и функционалноста се:

 

  • Фото ќелии кои можат да се постават на двете страни од влезот во просторот и да обезбедат запирање на вратата при појава на препрека;

  • Контролно светло кое ќе се свети при придвижување на вратата и ќе ви обезбеди полесна достапност и прегледност на влезот;

  • Контролен звучен сигнал со кој звучно се сигнализира кога вратата е во движење.

  • Механизам на погонот за префрлување од автоматско на механичко управување во случај на недостаток од електрична енергија или дефект;

  • Надворешна антена за зголемување на дометот на далечинскиот управувач.

  • ГСМ микропроцесор со чие вградување се овозможува управување на вратата со мобилен телефон (покрај можноста за управување со далечински управувач или копче) без трошење на ниту еден импулс.

 

Безбедност

Безбедноста на овој тип на врати е на највисоко ниво, освен убавиот и луксузен изглед и комфорот кој го пружаат тие, создадени се да обезбедат сигурност на просторот. Дебелината на панелот и неговата изработка од челичен лим како и баравата или електромоторот обезбедуваат сигурност и тешко отварање на вратите од страна на неовластено лице/провалник. Модерните гаражни врати обезбедуваат дополнителни погодности и безбедност додека истовремено изгледаат атрактивно. Време е да ја модернизирате вашата гаража а вистинскиот партнер за тоа е Златна Рака. Стандардните димензии кои можат да не се вклопат во вашиот гаражен простор веќе не се проблем, ние изработуваме врати по ваша мерка и потреба.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System..
Галерија: