Квалитет

You are here:
ISO 9001:2008
Златна Рака – M – Скопје, со цел да овозможи континуирано усовршување и сигурност на своите производи, постојано работи на подобрување на нивните карактеристики во поглед на функционалноста, изгледот и секако долготрајноста на производите.
Особено внимание се обрнува на сите додатни елементи и ацесори, кои го потпомагаат сигурното и непречено користење на производите. За таа цел се следи нивната изработка, доработка и функционалност, дизајн и вклопеност во целината, која токму тие ја дефинираат.
Постојаната контрола на квалитетот, како елементарен дел од целокупното работење,но и задолжителен сегмент од Системот за квалитет ISO 9001:2008, и по 40 год.од своето постоење ја прави компанијата ” Златна Рака – М” динамична, иновативна и растечка во поглед на современите барања на нејзините нарачатели и константна во следење на трендовите на новото време.
*Златна Рака – М* останува доследна на КВАЛИТЕТOT И СИГУРНОСТA ,ПРЕД СЕ !