Крилни врати

Производната програма опфаќа изработка и монтажа на крилни врати. Тие можат да бидат од најразличен дизајн. Најчесто во соработка со клиентот се изработуваат специфични решенија за секакви услови на експлатација.  Крилните врати по желба на клиентот се опремуваат со КРИЛНИ мотори.  Тоа подразбира сет (пар) мотори, кои наменски се однесуваат за двокрилна врата (капија) на влез во објект. Моторите се врвни во поглед на дизајнот, а квалитетни по однос на функционалноста. Тие можат да се управуваат со помош на далечински управувач или копче, или пак со мобилен телефон. Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, со кратка интервенција, моторот се доведува во положба во која може мануелно (рачно) да се врши отворање-затворање на капијата. Евентуална потреба од фотокелии, контролно светло, антена се  вградува на дополнително барање од страна на клиентот.

 

Галерија: