Паркинг рампи

Последно место во групата на автоматика, го завземаат автоматските паркинг рампи, наменети за јавни паркинг-простори или простори на влез во некој јавен, деловен објект. Најчесто се поставуваат заради ограничување и непречено, континуирано циркулирање на минувачи и возила, односно одвојување на одреден простор како приватен влез на возен парк или паркинг пред станбен простор со цел прилагодување на потребите на оние на кои е наменет.

 

Паркинг рампите користат автоматско управување со помош на далечинска команда (со далечински управувач или копче, условено од големината на просторот или начинот на употреба). Целта е подигнување на нивото на комфор, запазување на редот и сочувување на приватноста. Карактеристики кои ја следат изработката и поставувањето на рампата односно потребни услови за нејзино инсталирање се: дефинирани димензии на бетонски фундамент каде ќе се прицврсти металното куќиште, должина на алуминиумски крак и време ( брзина ) на отворање, во зависност од барањето на клиентот.
Варијанта на подигнување/oтворање на рампата: далечински управувач или копче од командна кабина.

 

Галерија: