Сигурносни врати со иверка 16мм

Идеална заштита на Вашиот влезен, станбен простор.

Наменета е претежно за апартмани или станови.

 

Сигурносниот момент кај овој тип на врати се должи на повеќе аспекти. Основниот дел во внатрешноста го чини еднострука челична конструкција, наменски обликувана да се смести сигурносна брава, механизам за вертикално забравување горе-долу и странични фиксни клинови во делот на шарките на крилото кои навлегуваат во отворите на касата.

Овој тип на сигурносни врати нуди и заштита од пожар до 30 мин. Како завршна облога се поставува оплеменета иверка со дебелина од 16mm со што се формира крилото на сигурносната врата. Оплеменетите иверки можат да бидат со најразличен дезен во зависност од потребите на клиентот според каталог (еднобојни и изглед на текстури од даб, орев, костен, бука, цреша и сл.).

Сигурносната врата е снабдена со сефовска брава со механизам за верткално забравување (горе-долу) како и фиксни чивии кај шарките и уште една стандардна цилиндер брава, со вкупно заклучување во 9 точки.

Дебелината на крилото е 6(cm). Металните делови (рамот и касата) се електростатски обоени во склад со нијансата на вратата. Овој основен тип на врати се развива во поглед на вклопување во просторот, по основ на екстериер-ентериер, па затоа и нуди повеќе дополнителни можности на боја и текстури. Така, освен топлите нијанси во боја на природно дрво има и пастелни бои во најразлични нијанси.

Вратите се изработуваат според точно земени мерки на лице место, а отворањето може да биде на внатре, на надвор, лева или десна. страна. Онаму каде јавува поголема градежна димензија на отворот се изработуваа довратник или надвратник, кои ги прилагодуваме според дизајнот на основното крило.

Целта секогаш е да се задоволи барањето на нарачателот, во поглед на заштита, боја, изглед, функционалност и безбедност на домот и имотот.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

pdf2Тест сертификат за сигурност издаден од Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

 

Галерија: