Macedonian
English
Home  //  За Нас
PDF
Print
E-mail
Почитувани

Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот.

Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство.

fabrika-04

“ЗЛАТНА РАКА” денес  е  фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко.

Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор.

Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008  зборува сам по себе.

imgabout3
Нашето мото беше и останува:
“СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
Искрено Ваш,
Марјан Јовевски,
Сопственик

Почитувани

 

Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадрати кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот.

Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови,надежи, имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас, и благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение.

Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство.