Сегментната гаражна врата е елегантно решение за индустриска намена. Се отвора вертикално со кревање нагоре веднаш под таванот или странично со што доаѓа паралелно со левиот или десниот ѕид од внатрешниот простор. Сегментните врати се погодни за разни големини на отвори (мега врати со големина од 12 х 6m) и онаму каде се бара топлотна изолација на заргадениот простор.

Таванските сегментни гаражни врати обезбедуваат искористување на целокупниот простор во гаражата и пред него. Со самото вертикално или косо кревање и нивно поставување под таванот се добива можност за целосно искористување на гаражниот простор од ѕид до ѕид. Исто така и просторот пред самата гаража може да биде целосно искористен бидејќи вратата не одзема место со отварањето.
Страничните сегментни гаражни врати пак се идеални за ниски простори каде искористувањето на целокупната висина е од големо значење за просторот. Со овој тип на врати се искористува целиот висински простор одземајќи само мал дел странично, од ширината на гаражниот простор.
Изработка
Сегментната гаражна врата е изработена од сендвич панел, направен од двоен челичен пластифициран лим со дебелина од 0,5mm, а помеѓу нив исполна со полиуретанска пена.Прозорци (димензија:60х30cm) – Вградување на прозорци во панелот е достапно на барање на клиентот. Бројот на прозорци зависи од големината на вратата и потребата за светлина во просторот, тие се изработуваат од плексиглас сместен во убаво дизајнирана рамка.
Врата во врата – Овој тип на врата дозволува вградување на пешачка врата во самиот панел, каде потребата од влегување и излегување на поединец е честа. Со ова се обезбедува поголема практичност и лесна достапност на гаражнот простор.
Управување
Сегментните индустриски гаражни врати можат да се управувааат со механички или автоматски погон. Механичкото рачно управување е обезбедено со повлекување на ланец кој е споен со механички преносник-редуктор. Во овој случај безбедноста е загарантирана со брава за заклучување која се наоѓа во долниот дел на последниот панел.
Автоматско управување е обезбедено со вградување на соодветен индустриски електро мотор-редуктор чија јачина е во зависност од големината и намената на самата врата. Автоматското управување може да биде со далечински управувач или копче.
Додатоци кои ќе го олеснат управувањето на индустриската сегментна врата и ќе ја надополнат безбедноста, естетиката и функционалноста се:
Безбедноста на овој тип на врати е на највисоко ниво, освен убавиот и луксузен изглед и комфорот кој го пружаат тие, создадени се да обезбедат сигурност на просторот. Дебелината на панелот и неговата изработка од челичен лим како и баравата или електромоторот обезбедуваат сигурност и тешко отварање на вратите од страна на неовластено лице/провалник.
Модерните гаражни врати обезбедуваат дополнителни погодности и безбедност додека истовремено изгледаат атрактивно. Време е да ја модернизирате вашата гаража а вистинскиот партнер за тоа е Златна Рака. Стандардните димензии кои можат да не се вклопат во вашиот гаражен простор веќе не се проблем, ние изработуваме врати по ваша мерка и потреба.
Компанијата е обезбедена со ISO 9001:2008 Quality Management System.