За беспрекорно функционирање на електромоторните погони за сегментните, роло и другите врати од производниот програм на Златна Рака, потребна е соодветна електроника и управувачки командни компоненти за да може да се обезбеди автоматизација на функционирањето на вратите.
Главна компонента за работа на електромоторниот погон е електро командна табла-централа која ќе ги задоволи барањата на потребите на клиентите. За секој поединечен случај се определува потребна автоматика во зависност од начинот на командување и користење на вратата.
За безбедност и сигурност при работата на вратите по избор се вградуваат фотоќелии за контрола на просторот, контролно светло кое свети при активирање на погонот, звучен сигнал-сирена за означување кога вратат е во погон и други потребни компоненти.
Комадувањето на вратите може да биде со помош на тастер, копче на командната табла, посебна брава со клуч, далечински управувач или со помош на мобилен телефон, при тоа да не се потроши ниту еден импулс. Сите овие додатоци треба да се договорат посебно и зависат од потребите за командување кое го бара клиентот.
Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Галерија