
МОТОРИ ЗА КРИЛНИ врати подразбира сет (пар) на мотори, кои се монтираат на крилата на двокрилна врата (капија) и синхронизирано работат, односно ги отвораат и затвораат крилата . Тие се врвни се во поглед на дизајнот и квалитетни по однос на функционалноста.
Се монтираат на постојна влезна капија, а можат да се управуваат со помош на далечински управувач, мобилен телефон или копче.
Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, со кратка интервенција (клуч за деблокирање намоторот) , моторот се доведува во положба во која може мануелно (рачно) да се врши отворање-затворање на капијата.
За безбедност при работата дополнително по потреба се монтаираат фотокелии , контролно светло или надворешна антена за поголем домет на далечинскиот управувач.
Се разбира дека е возможно и монтирање на еден мотор комплет со електроника за автоматско управување на еднокрилна врата.
Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Галерија: