
МОТОРИ ЗА ШИБЕР (ЛИЗГАЧКИ) ВРАТИ, имаат за цел да го зголемат нивото на комфор при управување на вратата.
Можноста за вградување на мотор-редуктори е по желба на нарачателот, а типот на моторот се избира според типот и начинот на движење на вратата, според големината и тежината на вратата.
За секој посебен тип на лизгачка врата, постои соодветен тип на мотор со кој се регулира нејзиното автоматско управување, обезбедувајќи комфор и удобност на современото живеење.
Шибер моторите одат во комплет со соодветна електроника за автоматско управување, назабена летва со чија помош се движи вратата на страна и далечински управувач односно копче за автоматска команда.
Од 2009 година „Златна Рака М“ отпочна со вградување микропроцесорски команден блок кој овозможува управување на вратата со помош на мобилен телефон, a при тоа да не се потроши ниту еден импулс.
Во палетата на дополнителни компоненти за сигурно работење спаѓаат:
фотоќелии,
контролно светло,
електрични брави или дополнителна надворешна антена за зголемување дометот на далечинскиот управувач.
Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, со кратка интервенција (соодветен клуч со бравичка на самиот мотор), моторот се доведува во положба во која може мануелно (рачно) да се врши отворање-затворање на капијата.
Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Галерија: