Подвижна церада-прекривка е наменета за покривање на отоворени приколки, за камиони со приколки и влечени приколки.
Церадата служи за заштита од растурање на материјалот кој се транспортира. Прекривката се поставува на специјални носачи-водилки кои се движат по страниците од приколката. Движењето го овозможува механизам за пренос, попречни држачи, водилки и сајли кои се поставени од двете страни на страниците на приколката. Висината на прекривката во центарот на ширината од приколката може да биде од 15 до 50(cm). Попречните носачи-челични профили се поставуваат на растојание од 80 до 95cm.
Манипулацијата на подвижните церади е со помош на електричен погон.
Прекривките можат да бидат во разни бои и се наменети за стандардни надворешни температури до 50°C.
По барање на инвеститорот вградуваме прекривки-церади отпорни на повисоки температури (максимална температура на транспортираниот материјал до 180-200°C), како на пример транспорт на асфалт.
Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Галерија: