Огноотпорните врати се произведуваат за заштита на одреден простор, кој според спецификата и намената е подложен на задолжителна заштита од пожар и распрскувачки материјали.
Изработката е согласно доставено барање од страна на инвеститорот, каде се нагласени карактеристиките за огноотпорност и ПП заштита, во поглед на издржливоста во минути.
Атестирани се за изолациона отпорност на пожар, при услови предвидени за атестирање во лабораториска печка, со увид на техничката подготвеност на производителот и квалитетот на вградениот материјал, според дефинирани критериуми за отпорност на пожар, според стандардите кои ги пропишува Машинскиот факултет во Скопје, кабинет за заштита од пожар и експлозии.
ПП врати - ЗР-М-1 60 ; ЗР-90 ; ЗР-М-3/120
Огноотпорна, еднокрилна, вртлива врата, со скелет од челични профили, исполнета со изолационен материјал од два типа, со загарантирани атестирани карактеристики, со предвидени лавиринти за спречување на продор на пламен и огноотпорност до 60, 90 и 120 минути.
Овој тип на врата е снабдена со потребни елементи за отворање-затворање, брава со цилиндер, шарки, заптивна гума,каса и “первази” за вклопеност во просторот и функционалност на вратата.
Комплетната техничка експертиза за нејзината намена, заверена и атестирана изолациона отпорност на пожар,се доказ за нејзина противпожарност.
Компанијата е сертифицирана според .