Маказеста врата е одлично техничко решение за максимално искористување на просторот.
Тоа е врата, каде манипулацијата, односно отворањето и затворањето се одвива преку движење на решетка по горни и долни водилки.
Решетката е направена од профилирани вертикали, помеѓу себе поврзани со т.н. маказици, чии краеви слободно се движат по водилниот канал на вертикалите. На едниот крај има поставено по две тркалачки лежишта, кои пак се движат по профилирана шина, со што се олеснува работата на маказестата врата. Вертикалите и маказиците, заедно со спојните и др.елементи кои го сочинуваат подвижниот дел, се сместени во рамка ги прават овие врати сигурни и цврсти. При димензионирање на ваков вид врата треба да се предвиди дека при собирање на вратата се губи од широчината околу 30%, кој го зафаќаат собраните профили од маказата.