Автоматски врати – Record

Ги известуваме нашите клиенти дека ЗЛАТНА РАКА -Скопје е застапник на компанијата Record од Швајцарија.

АВТОМАТСКИ ВРАТИ RECORD СО ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОТВРДЕН ШВАЈЦАРСКИ КВАЛИТЕТ.

Agta Record group проеизведува комплетен програм на автоматски врати и има дистрибутивна мрежа во повеќе од 38 држави во светот.

-Модерен производен центар во Fehraltorf

-Сертификат ISO 9001 од 1994 година

-Производството е во склад со CE и TUR стандардите

Автоматските лизгачки врати секогаш претставуваат практично и солидно решение. Се изведуваат во сите геометриски форми и мерки. Нашите специјалисти ќе ви дадат неопходни информации и ќе изберат оптимално техничко решение за вашиот објект.

Автоматските врати Рекорд се базирани и работат со микропроцесори и претставуваат нова генерација на лизгачки врати со автоматска работа. Вратите имаат соодветни ултразвучни радари, електромеханички брави и инфрацрвена безбедност, резервно напојување што се активира во случај на прекин на електричната енергија.

Микропроцесорска технологија овозможува поврзување со системот за дојава на пожар и пристап со далечински управување што може да биде многу важно за објекти од особено значење (аеродроми, болници, трговски центри и други јавни објекти).

 

Повеќе информации на линкот:http://www.record.si/