Шибер Врати
ШИБЕР (КЛИЗНИ) мотори, имаат за цел да го подобрат пред се нивото на комфор.Можноста за вградување на мотор-редуктори е по желба на нарачателот, а типот на моторот се избира според типот и начинот на движење на вратата. За сите типови на врати,кои се дел од производната програма на "Златна Рака", постои соодветен тип на мотор со кој се регулира нејзиното автоматско управување, обезбедувајќи комфор и удобност на современото живеење.
Покрај мотор за роло врата, плафонски мотор за сегментна врата, мотор за индустриска врата, ги издвојуваме и моторите од програмата за домашна употреба (home automation) со монтажа, сервис и гаранција, обезбедени од наша страна, секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба.
Шибер моторите одат во комплет со електроника за автоматски погон, назабена летва со чија помош се движи (лизга) вратата на страна и далечински управувач односно копче за автоматска команда. Дополнителни ацесори, фотокелии и сл. исклучиво на Ваше барање. Во случај на прекин на доводот на електрична енергија, со кратка интервенција, моторот се доведува во положба во која може мануелно (рачно) да се врши отворање-затворање на капијата.
|