Гаражни Роло Врати
Практичен и достапен производ за комерцијална намена,како по однос на експлоатираност, така и според цената. Се изработуваат по точно утврдена мерка, создадени се за заштита на гаражниот простор и надополнување на влезниот дел за практична и едноставна употреба. Роло вратата е составена од профилирани ламели од челичен поцинкуван лим, кои се вметнати (нанижани) една во друга,со што се добива цврстина на самото платно, кое ја формира вратата.На краевите на ламелите се нитувани пластични држачи,елементи кои овозможуваат полесно движење по водилките.
Движењето го обезбедува механизам (осовина со опруги ) кој е сместен во кутија во горниот дел на ролетната. Надворешниот изглед е надополнет со боја која е по Ваш избор, а се нанесува со електростатско боење / пластифицирање / според РАЛ карта,прашкаста боја која се пече во печка, на температура околу 200º Ц. Нанесувањето може да биде еднострано или двострано,во бела или во боја по Ваш избор. Можност за перфорации на одделни ламели,кои овозможуваат видливост во и вон заштитениот простор.
•Намена, практичност, достапност:
Димензиите и техничките можности се утврдуваат на лице место, со тоа што делот за кутијата каде ќе се ролува вратата, дополнително се пресметува во квадратурата или се скусува висинскиот дел,за сметка на нејзината големина. Инаку практични се и за повеќекратна употреба во текот на денот и имаат повеќекратна намена: заштита на гаражи, но и сосема соодветни се за локали каде има потреба од комплетно затворање на излогот, односно со изработка на перфорирани ламели, светлосен ефект во и вон него. Можност за автоматика во поглед на комфор.Изборот е Ваш. Компанијата е сертифицирана според
•Изглед во просторот:
Популарните ролетни, со повлекување на убаво дизајнираните рачки,се движат горе-долу,зафаќаат минимален дел од просторот и се собираат во кутија (каса) поставена над самиот отвор однадвор или одвнатре во гаражниот простор доколку постои бариера или на Ваше барање, од естетски аспект). Ламелите се со височина од околу 11 см. и ефектот на ролување, во склад со екстериерот ја чини роло вратата корисна и за фреквентна и мануелна употреба,а истовремено со нејзино затворање, уреден и заштитен е просторот кој го користите.Исклучително практични и со долг век на траење, а сепак многу едноставни во техничка смисла. Едноставни се за одржување и сервисирање,кое патем,е обезбедено од наша страна,заедно со гаранција за производот.