Zlatna Raka Zlatna Raka.Najdobri.Bidete sigurni.
Гаражни врати / Сегментни галерија Гаражни Сегментни вратиГалерија на слики
Гаражни Сегментни Врати
Гаражни Сегментни Врати
Овој тип на врата се наоѓа на самиот врв во рангот на гаражни врати,произведени на овие простори,а истовремено погодни и за комерцијална и за индустриска намена. Конструирана и дизајнирана по точно утврдена мерка , создадена е за убавина, вредност,сигурност и комфор на просторот во Вашиот дом. Со комплетната производна линија, во рамките на потребите на современото живеење, функционална, естетски усовршена и адаптирана да ги задоволи барањата на корисниците. Се нарекува уште и секционална,бидејќи отворањето и затворањето е обезбедено со сепаративни секции, вертикално, без крила кои се отвораат однадвор и го отежнуваат влегувањето во внатрешниот простор. Еве кои се специфики ја разликуваат СЕГМЕНТНАТА ПАНЕЛНА врата од другите типови на класични,стандардни надворешни крилни и др.тип на конвенционални врати:
Заштеда на простор:
Зафаќаат минимален дел од просторот на Вашата гаража,барајќи единствено бараат простор за водилките и системот за вертикално подигнување, кој води паралелно под плафон и одзема приближно 20 см. од неговата висина.
Изглед во просторот:
Предвидени се за заштита на гаражниот простор, со единствен изглед, во склад на Вашиот надворешен амбиент, по однос на боја, која освен основната ( бела или силвер ) може да биде по Ваш избор. Панелите кои ја чинат целината од сегменти, се дискретно површински обработени ,благо наребрени за подобар визуелен изглед и поврзани меѓу себе. Се движат мануелно или автоматски во внатрешноста на гаражниот простор,непосредно под плафонот.
Топлотна и звучна изолација :
Панелите во сегменти се изработени од челичен,пластифициран лим,и машински исполнети преку континуирано полнење со полиуретанска пена, дебелина 45 мм, и густина на ПУР. целосно обликувани во SANDWICH панел,кој од страните е опшиен со гума заради беспрекорно заптивање од страните на водилките,со што и движењето по вертикала е тивко и речиси бесшумно.
Начин на употреба : ( мануелно или автоматски )

Компанијата е сертифицирана со ISO 9001:2000 Quality Management System.

» Погледнете фотографии од Гаражни Сегментни врати.
Тел/Факс: +389 (2) 2722 443 Тел: +389 (2) 2722 444 Е-меил: contact@zlatnaraka.com.mk Веб: www.zlatnaraka.com.mk
© Сите права се задржани, Златна Рака, 2006