Zlatna Raka Zlatna Raka.Najdobri.Bidete sigurni.
Индустриски врати / Сегментни галерија Индустриски Сегментни вратиГалерија на слики
Индустриски врати
Индустриски Сегментни Врати
Најново, а воедно и најквалитетно техничко решение за гаражни и Индустриски врати. Наменски одговара за магацински и индустриски простори со фреквентна употреба.Овој тип на врати се поробусни,изработени од двоен,пластифициран,челичен лим,исполнет со полиуретанска пена,во панели со ширина 50 (см) и дебелина на исполна 45 (мм),добиена со континуирано,машинско нанесување,со густина на полиуретанска исполна 45 кг/м³, обликуван со SANDWICH , кој чини еден сегмент.
Повеќе сегменти, во зависност од димензиите на просторот,ја чинат сегментната панелна врата погодна за индустриска употреба. Потребните ацесори се појачани и адаптирани за беспрекорна функција,водејќи сметка за постојаната оптовареност и тешките услови за работа. Снабдена е со автоматско управување, со далечински управувач или копче за активирање на истиот при отворање-затворање на вратата.
Производството на овој тип врати е согласно точно утврдена мерка на индустрискиот простор,според видот и намената на истиот,од врати со помали,па се до екстремно големи врати и до (12 м) во широчина,безмалку неограничени должини на панелите,по сопствено ( патентирано ) техничко решение,при што е водено сметка за налети на бочен ветар,спречување на деформација на панелите од разни др. дејствија, при преоѓање од верткална,во хоризонтална положба. Се изработуваат во основни варијанти на бела или силвер варијанта,можност за поставување на вградени прозорци на панел или стакло на панел,заради достапна светлина во внатрешниот простор, на Ваше барање.
Сегментните индустриски врати нудат извонредно решение за заштита и функционалност на индустрискиот простор. Гаранција за производот и обезбеден постгарантен сервис и замена на делови.
Компанијата е сертифицирана со ISO 9001:2000 Quality Management System.
» Погледнете фотографии од Индустриски Сегментни врати.
Тел/Факс: +389 (2) 2722 443 Тел: +389 (2) 2722 444 Е-меил: contact@zlatnaraka.com.mk Веб: www.zlatnaraka.com.mk
© Сите права се задржани, Златна Рака, 2006