Zlatna Raka Zlatna Raka.Najdobri.Bidete sigurni.
Сигурносни врати / Противпровални Врати галерија Сигурносни Противпровални вратиГалерија на слики
Индустриски врати
Сигурносни Противпровални Врати
Идеална заштита на Вашиот влезен,станбен простор. Наменета претежно за апартман, за единствен влез во домот. Сигурносниот момент кај овој тип на врати се должи на повеќе аспекти. Основниот дел во внатрешноста го чини челична конструкција, наменски обликувана да се смести механизмот за вертикално забравување, горе-долу, и страничните фиксни клинови во делот на шарките на крилото, кои навлегуваат во отворите на касата. Врз него е поставен ПП изолант,бидејќи освен сигурност,овој тип на врата нуди и заштита од пожар до 30 мин. со атест од Машински факултет - Скопје. Над него пак,се поставува фурниран медијапан,кој го формира крилото на Блинд-вратата. Медијапанот се бои со бајц-боја и двојно се лакира, доколку Вашиот избор е врата со текстура на дрво и бојата е по желба (сите тонови на дрво како даб,орев,костен,бука,цреша и сл.)

Можност за облагородување на фурнир-медијапанот со аплицирање на шари-гравури, за подобар визуелен ефект, кои се по Ваш избор. Снабдена е со сеф брава со внатрешен механизам и уште една цилиндер брава, со вкупно заклучување во 9 точки. Дебелината на крилото е 6 ( см ). Металните делови ( рамот и касата ) се електростатски обоени во склад со нијансата на вратата. Овој основен тип на врати се равива во поглед на вклопување во просторот,по основ на екстериер-ентериер, па затоа и нуди повеќе дополнителни можности на боја и шара-гравура.Така, освен топлите нијанси во боја на природно дрво, во таков случај се оди на боење со полиуретанска боја, која со посебна техника на нанесување и импрегнирање на истиот медијапан, дава сосема друг ефект на надворешноста и пластичен изглед.

Варијанти постојат и во поглед на опшивање на вратата со лајсни,кои се метални,алуминиумски или дрвени. Широкиот избор во поглед на боја,шара и техника на комбинирање на истите, ја прави лепезата и разноликоста на вратите прилагодлива на сечиј вкус. Се работи според точно утврдени мерки на лице место. Ако сепак се работи за поголеми димензии и се јави потреба за довратник или надвратник, на Ваше барање изработуваме и од таков тип. Целта секогаш е да се удоволи секое барање на нарачателот, во поглед на заштита, боја, изглед, функционалност и безбедност на домот и имотот.

» Погледнете фотографии од Сигурносни Противпровални врати.
Тел/Факс: +389 (2) 2722 443 Тел: +389 (2) 2722 444 Е-меил: contact@zlatnaraka.com.mk Веб: www.zlatnaraka.com.mk
© Сите права се задржани, Златна Рака, 2006