Zlatna Raka Zlatna Raka.Najdobri.Bidete sigurni.
Заштита на локали / Мрежи / Челични Роло Врати галерија Челични Роло вратиГалерија на слики
Индустриски врати
Челични Роло врати
Роло врата од затворен тип, во вид на ролетна, составена од профилирани ламели од челичен поцинкуван лим, кои се вметнати (нанижани) една во друга, со што се добива цврстина на самото платно, кое ја формира вратата. На краевите на ламелите се нитувани пластични држачи,елементи кои овозможуваат полесно движење по водилките. Движењето го обезбедува механизам (осовина со опруги) кој е сместен во кутија во горниот дел на ролетната.
Надворешниот изглед е надополнет со боја која е по Ваш избор, а се нанесува со електростатско боење / пластифицирање / според РАЛ карта, прашкаста боја која се пече во печка, на температура околу 200º Ц. Нанесувањето може да биде еднострано или двострано,во бела или во боја по Ваш избор. Можност за перфорации на одделни ламели, кои овозможуваат видливост во и вон заштитениот простор.
Димензиите и техничките можности се утврдуваат на лице место, со тоа што делот за кутијата каде ќе се ролува вратата, дополнително се пресметува во квадратурата или се скусува висинскиот дел, за сметка на нејзината големина. Инаку практични се и за повеќекратна употреба во текот на денот и имаат повеќекратна намена: заштита на гаражи, но и сосема соодветни се за локали каде има потреба од комплетно затворање на излогот, односно со изработка на перфорирани ламели, светлосен ефект во и вон него.
Популарните ролетни, со повлекување на убаво дизајнираните рачки,се движат горе-долу,зафаќаат минимален дел од просторот и се собираат во кутија ( каса ) поставена над самиот отвор однадвор или одвнатре во гаражниот простор ( доколку постои бариера или на Ваше барање,од естетски аспект). Ламелите се со широчина од околу 11 см. и ефектот на ролување, во склад со екстериерот ја чини роло вратата корисна и за фреквентна и мануелна употреба, а истовремено со нејзино затворање, уреден и заштитен е просторот кој го користите. Исклучително практични и со долг век на траење, а сепак многу едноставни во техничка смисла.
Едноставни се за одржување и сервисирање, кое патем, е обезбедено од наша страна, заедно со гаранција за производот. Можност за автоматика во поглед на комфор. Изборот е, секако Ваш.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2000 Quality Management System.
» Погледнете фотографии од Челични Роло врати.
Тел/Факс: +389 (2) 2722 443 Тел: +389 (2) 2722 444 Е-меил: contact@zlatnaraka.com.mk Веб: www.zlatnaraka.com.mk
© Сите права се задржани, Златна Рака, 2006