Сервисен центар
Златна Рака М обезбедува монтажа, сервис и одржување на своите производи. Сервисниот центар кој функционира во склоп на компанијата е обезбеден со 4 возила со по двајца обучени монтери-сервисери кои работат на територија на Република Македонија.
Монтажата се врши на било која локација на Република Македонија, како и надвор од државата во согласност со барањето на клиентите.
Сервисот се врши по пријава за евентален дефект на нашите производи од страна на корисниците, и во најкус можен рок се отстрануваат дефектите.
Грижата на Златна рака М не престанува по предавањето, монтирањето на производот. Ние се грижиме за нашите производи и го обезбедуваме нивното функционирање и понатаму.

+389 70 231 364

+389 71 268 949
Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.