Заштита на локали – американски врати

Американска врата е тип на врата која мошне е прикладна за места каде што нема можност за хоризонтално поставување на профили-водилки (како кај маказестата врата).

Таа е лесна и едноставна за употреба. Изработена е од кутиести профили со квадратен пресек, меѓусебно поврзани со осовинки. Отворањето и затворањето на вратата се врши со повлекување настрана. Вратата се истегнува и собира во една рамнина и има можност за ротација на целата врата под агол до 180º. Со тоа се ослободува поголем простор по широчина. Бравата за заклучување е поставена во адаптиран профил, кој ја штити од механички оштетувања.

Токму поради овие специфики, оваа врата е погодна за простори каде нема можност за поставување на друг вид на заштита. Тоа ја прави оваа американска врата поразлична од останатите, а истовремено единствена според техничко решение. Бојата е секогаш по избор на инвеститорот, а се нанесува со електростатско боење (пластифицирање), со што се дефинира нејзиниот изглед.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Галерија: