Огноотпорни врати

Огноотпорните врати ја имаат основната улога при појава на пожар максимално да ги заштитат луѓето и материјалните добра. Истотака нивната намена е да не дозволат ширење на пожарот од просторијата каде настанал. Се разбира дека во колку се воспостави ефикасна заштита од пожар, се добива доплнително време кое е потребно за евакуација на луѓето или материјалните добра од објектот.

Огноотпорните врати како што налагаат прописите треба да имаат соодветна издржливост на пламен и топлина. Во нашиот производен програм се изработуваат огноотпорни врати со издржливост од 30, 60, 90 и 120 минути.

Според конструкцијата огноотпорните врати можат да бидат:

  • Еднокрилни

  • Двокрилни

  • Лизгачки (шибер)

 

Изработка

Крилото на огноотпорните врати се изработува од профилирани челичени лимови, челични профилирани “U” и “Z” профили за зголемување на цврстината на крилото, огноотпорен гипс-картон, огноотпорна камена волна, огноотпорна силиконска гума, огноотпорна експандирачка лента, огноотпорни шарки и огноотпорна брава за забравување.

Касата се изработува од челични профилирани лимови со вградување на потребни елементи за зголемување на цвртсината. Прицврстувањето на касата во отворот на ѕидот се врши со челични анкери со дијаметар Ø8mm. Отворите во касата за анкерисување се затвораат со украсни чепови.

Завршната обработка на касата и крилото се врши со електростатско прашкасто боење на челичните површини, според барањата на инвеститорот според РАЛ карта.

 

Стандард
Огноотпорните врати се дизајнирани, произведени и тестирани и ги задоволуваат бараните стандарди за ваков вид врати.

 

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Галерија: