Сигурносни врати со медијапан 6мм

Идеална заштита на Вашиот влезен, станбен простор. Овој тип на врати се наменети претежно за апартмани, станови или пак за индивидуални куќи. Сигурносниот момент кај овој тип на врати се должи на повеќе аспекти. Основниот дел во внатрешноста го чини двојна челична конструкција, наменски обликувана да се смести една сигурносна брава со механизам за вертикално забравување горе-долу, и страничните фиксни клинови во делот на шарките на крилото, кои навлегуваат во отворите на касата. Овој тип на врата нуди и заштита од пожар до 30 мин.  Над челичните лимови се поставува фурниран медијапан од 6mm, кој го формира крилото на сигурносната врата. Кај овој тип на врати се вградуваат дрвени лајсни со што се постигнува декоративен и луксузен изглед.  Медијапанот се бои со бајц-боја и двојно се лакира, со избор на нијанса на текстура на дрво и бојата која е по желба на инвеститорот (сите тонови на дрво како даб, орев, костен, бука, цреша и сл.).

Постои можност за облагородување на фурнираниот медијапан со аплицирање на шари-гравури, за подобар визуелен ефект, кои се по Ваш избор. Оваа врата е снабдена е со една сефовска брава со внатрешен механизам за забравување по вертикала, со вкупно заклучување во 8 точки. Дебелината на крилото е 6(cm). Металните делови (рамот и касата) се електростатски обоени во склад со нијансата на вратата. Овој основен тип на врати се равива во поглед на вклопување во просторот, по основ на екстериер-ентериер, па затоа и нуди повеќе дополнителни можности на боја и шара-гравура. Така, освен топлите нијанси во боја на природно дрво, постои можност на боење со полиуретанска боја, која со посебна техника на нанесува и импрегнира на истиот медијапан, дава сосема друг ефект на надворешноста и пластичен изглед. Кај овој тип на врати на крилото се вградуват дрвени лајсни како декорација на комплетниот изглед на вратата. Широкиот избор во поглед на боја, шара и техника на комбинирање на истите, ја прави лепезата и разноликоста на вратите прилагодлива на сечиј вкус. Се работи според точно утврдени мерки на лице место. Во оние случаи каде се јавуваат поголеми градежни димензии наотворот, се изработув довратник или надвратник во склад со основниот дисајн на крилото. Целта секогаш е да се удоволи секое барање на нарачателот, во поглед на заштита, боја, изглед, функционалност и безбедност на домот и имотот.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

pdf2Тест сертификат за сигурност издаден од Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

 

Галерија: