Заштита на локали – стандардни мрежи

Стандардните роло мрежи се изработуваат од водилки, кутија во која е сместено вратило со потребен број барабани и опруги и платно од мрежа.

Мрежата е изработена од челична профилирана жица со дијаметар од  Ø8mm, споена меѓусебе со поцинкувани спојнички. Мрежата што го формира “платното” на вратата со нејзино подигнување се намотува во горната зона во самата кутија. Кутијата се поставува над светлиот отвор и вообичаено завзема од 29cm до 36cm од просторот над светлиот отвор.

Мрежата СТАНДАРД е класичен тип на мрежа  која е формирана од таканаречени “баклави”. Во зависност од тоа дали на вратилото ќе биде поставен електричен погон се избира големината на кутијата. За мрежи на кои се предвидува поставување на електомотор кутијата изнесува мин 36cm. Сите елементи од мрежата посебно се заштитуваат од корозија со електростатско пластифицирање според РАЛ карта во најразлична нијанса.

За големи роло СТАНДАРДНИ мрежи каде површината на мрежата е голема (повеќе од 20m2) вратилото се изработува од цевка со соодветен дијаметар на која директно се поставува платното од мрежата, а електромоторниот погон се поставува странично наглавно на варатилото.  За вакви случаи се применуива трофазен електромото-редуктор кој има соодвена снага според големината на мрежата.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Галерија: