Системи за редукција на прашина

Изработуваме и инсталираме системи за редукција на прашина наменети за машини и постројки кај кои се јавува прашина. Тоа се постројки за дробење и класирање руда и градежен камен и воопшто кај било какви постројки кои што во процесот на преработка на материјали се јавува прашина.

Системите за редукција на прашина (СРП) се важен фактор во исполнувањето на двете еколошки, здравствени и безбедносни барања, како помош и заштита на вработените и намалување на емисиите на прашината во околината.

Ние нудиме целосни решенија за контрола на прашина во сите процеси каде се јавува прашината. Во основа системите имаат хидропневматски блок (ХПБ), електронски програмабилен блок (ЕКПБ) и млазници за атомизирање на водата (АМ1,АМ2,АМ3). Системите произведуваат фина водена магла која се спојува со честичките прашина во воздухот и заедно стануваат потешки и се таложат на земјата, притоа не се навлажнува производот или површините на машините. Додавањето влага во производот е многу мало (обично помалку од 0,1% од преработениот материјал).

Нашите системи се целосно интегрирани во сите процеси и редукцијата на прашината се врши без употреба на класични скапи постројки за издвојување на прашина (циклонски или филтерски системи за редукција на прашина).

На ваше барање нашите инженери ќе го посетат вашиот погон за да дискутираат и да ги истражат проблемите на местата каде има појава на прашина, а потоа ќе ви дадат понатамошни информации и ќе ви понудат соодветен систем за редукција на прашината.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Диполнителни информации.pdf

Галерија: