Сигурносни врати со медијапан 4мм

Идеална заштита на Вашиот влезен, станбен простор.

Наменета е претежно за апартмани и станови но еднакво функционална и за куќи.

Сигурносниот момент кај овој тип на врати се должи на повеќе аспекти. Основниот дел во внатрешноста го чини двојна челична конструкција, наменски обликувана да се смести сигурносна брава, механизам за вертикално забравување горе-долу и странични фиксни клинови во делот на шарките на крилото кои навлегуваат во отворите на касата. Врз челичната конструкција се поставува ПП изолант, бидејќи освен сигурност, овој тип на врата нуди и заштита од пожар до 30 мин.  Над него пак, се поставува фурниран медијапан од 4mm, кој го формира крилото на сигурносната врата. Медијапанот се бои со бајц-боја и двојно се лакира, доколку Вашиот избор е врата со текстура на дрво и бојата е по желба (сите тонови на дрво како даб, орев, костен, бука, цреша и сл.).

Постои можност за облагородување на фурнир-медијапанот со аплицирање на шари-гравури, за подобар визуелен ефект, по Ваш избор. Вратата е снабдена со сефовска брава со внатрешен механизам и уште една стандардна брава со цилиндер, со вкупно заклучување во 9 точки.

Дебелината на крилото е 5(cm). Металните делови (рамот и касата ) се електростатски обоени во склад со нијансата на вратата.

Овој основен тип на врати се развива во поглед на вклопување во просторот, по основ на екстериер-ентериер, па затоа и нуди повеќе дополнителни можности на боја и шара-гравура. Така, освен топлите нијанси во боја на природно дрво, се применува боење со полиуретанска боја, која со посебна техника на нанесување и импрегнирање на истиот медијапан, дава сосема друг ефект на надворешноста и пластичен изглед. Постојат варијанти и во поглед на опшивање на вратата со лајсни, кои се метални, алуминиумски или дрвени.

Широкиот избор во поглед на боја, шара и техника на комбинирање на истите, ја прави лепезата и разноликоста на вратите прилагодлива на сечиј вкус. Се работи според точно утврдени мерки на лице место. На оние места каде се јавува поголема градежна димензија на отворот се изработуваат врати со довратник или надвратник.

Целта е секогаш да се задоволат барањата на нарачателот, во поглед на заштита, боја, изглед, функционалност и безбедност на домот и имотот.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

pdf2Тест сертификат за сигурност издаден од Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

 

Галерија: