Индустриски роло врати

Индустриски роло челични врати се можеби најпопуларниот тип на индустриски врати. Тие се достапни во широк дијапазон на големини и форми и се изработени според потребите на клиентите за да обезбедат цврстина, издржливост и безбедност. Овој тип на врати се наменети за различна употреба и се економични во поглед на одржување и сервис.

 

Изработка

Роло челичните врати се изработени од челичен поцинкуван лим со дебелина од 0,8mm. Тие се снабдени со една централна брава или две странични брави во зависност од намената и големината на вратата.

Овој тип на врати немаат топлотна изолација, но кога се затворени тие не дозволуваат влегување дожд, снег и прав во просторот. На долниот дел од последната ламела може да биде поставена гума која ќе безбеди подобро затнување кај нерамни подови и ќе оневозможи влегување вода од дожд и снег во просторот. Роло челичната врата се намотува на вратило, на кое се поставени барабани со плоснати опруги заради балансирање на врата. Вратилото со барабаните и опругите е сместено во специјално дизајнирана кутија каде се намотува роло вратата кога таа е отворена.

Ламелите на роло челичната врата можат да бидат електростатски обоени од едната или двете страни во боја по РАЛ карта.

 

Управување

За затворање на помали отвори, роло вратата може да се задвижува мануелно-рачно со повлекување на нагоре и надолу. На места каде се покриваат големи површини се вградува електро мотор-редуктор за електрично затворање-отворање. Автомасткото командување на роло вратата се врши со далечински управувач, копче или со мобилен телефон а при тоа да не се потроши ниту еден импулс.

На места каде е потребно да се затворат големи индустриски објекти како складишта, магацини, работилници и слично, во овој случај се препорачува автоматско управување со индустриски електро мотор-редуктор кој е соодветен за често/фрекфентно отворање и затворање на роло вратите.

 

Електрично управување

обезбедено со вградување на соодветен електро мотор чија снага е во зависност од големината и намената на самата врата. Командувањето на  елкетричното управување може да биде со копче, далечински управувач или со мобилен телефон.

 

Додатоци

Елементи кои ќе го олеснат управувањето на роло челичната врата и ќе ја надополнат безбедноста, естетиката и функционалноста се:

 

  • Фото ќелии кои можат да се постават на двете страни од влезот во просторот и да обезбедат запирање на вратата при појава на препрека;

  • Контролно светло кое ќе се свети при придвижување на вратата и ќе обезбеди информација дека вратата е во погон;

  • Контролен звучен сигнал кој ќе обезбеди звучна информација дека вратата е во погон;

  • Ормарче со клуч во кое е сместен механизам за префрлување од автоматско на механичко управување во случај на недостаток од електрична енергија или дефект на електромоторот;

  • Надворешна антена за зголемување на дометот на далечинскиот управувач.

  • ГСМ микропроцесор со чие вградување се овозможува управување на вратата со мобилен телефон (покрај можноста за управување со далечински управувач или копче) без трошење на импулси.

 

Стандард

Овие врати се дизајнирани, произведени и тестирани да ги задоволат стандардите за индустриски РОЛО челични врати.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System..

 

Галерија: