Заштита на локали – саќе мрежи

Роло САЌЕ  мрежите се изработуваат од челична жица со дијаметар од Ø8mm, која се профилира  во алат на преса.

Профилираните челични елемнети се заштитуаваат од атмосферски влијанија со електростатско фарбање, а потоа се врзуваат со поцинкувани спојнички кои ја формираат мрежа во вид на саќе.

Како и стандардните роло мрежи и овие мрежи имаат странични челични водилки, вратило со барабани и опруги за растеретување, кутија и капак за покривање. Платното од мрежата со поместување со движење вертикално горе-долу. Кога се отвора мрежата тогаш платното се намотува на барабаните и се сместува во кутијата за таа намена, која е поставена над светлиот отвор.

САЌЕ мрежата е потполно иста како мрежата СТАНДАРД само што е двојно погуста. Таа е одличен избор за заштита на просторот и онаму каде што се бара поголема заштита.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

 

Галерија: