Индивидуални сегментни врати

Сегментна (панелна) гаражна врата е елегантно техничко решение за индивидуални објекти каде се бара топлотна изолација на просторот. Се отвора вертикално со кревање нагоре веднаш под таванот или странично со што вратата доаѓа паралелно со левиот или десниот ѕид од внатрешниот простор.

Таванските сегментни гаражни врати обезбедуваат искористување на целокупниот простор во гаражата и пред него. Со самото вертикално кревање и нивно поставување под таванот се добива можност за ефикасно искористување на гаражниот простор од ѕид до ѕид. Исто така и просторот пред самата гаража може да биде целосно искористен бидејќи вратата не одзема место со отворањето.

Страничните сегментни гаражни врати пак се идеални за ниски простори каде искористувањето на целокупната висина е од големо значење за влез во гаражата. Со овој тип врати се искористува целиот висински простор одземајќи само мал дел странично од ширината на гаражниот простор.

 

Изработка

Сегментната гаражна врата е изработена од сендвич панел, создаден од два челични пластифицирани профилирани лимови со дебелина од 0,5mm, а помеѓу нив исполна со полиуретанска пена.

Сендвич панелот е со дебелина од 45mm со што се обезбедува одлична топлотна изолација. Челичниот лим е пластифициран во боја по RAL карта и е отпорен на надворешни влијанија како дожд, снег, налети на бочен ветер итн.

Во долниот дел на првиот панел е вградена заптивна гума која ги регулира сите неправилности и нерамнини кои можат да се појават на подот и обезбедува подобра изолација на просторот, како и заштита од вода и други надворешни влијанија.

Панелот се изработува челичен пластифициран лим по РАЛ карта на бои, кој потоа се профилира со што се дава атрактивен, уникатен и модерен изглед.  Овие врати се изработуваат во две стандардни бои бела (RAL 9002) и сива (RAL 9006), останатите бои се достапни на барање.

Прозорци (димензија:60х30cm) – Вградување на прозорци во панелот е можно на барање на клиентот. Бројот на прозорци зависи од големината на вратата и потребата за светлина во просторо. Тие се изработуваат од двојно плексиглас стакло кое сместено во убаво дизајнирана рамка.

Врата во врата – Во сегментната врта постои можност за вградување пешачка крилна врата, каде е потребно често влегување и излегување на луѓе. Со ова се обезбедува поголема практичност и лесна достапност на гаражнот простор.

 

Управување

Сегментните гаражни врати можат да имаат механички или автоматски погон. Механичкото рачно управување е обезбедено со кревање со помош на рачки кои се вградени во самиот панел или со повлекување на ланец доколку се работи за поголема врата. Во овој случај безбедноста  е загарантирана со брава за заклучување која се наоѓа во долниот дел на последниот панел.

Автоматско управување е обезбедено со вградување на соодветен електро мотор-редуктор чија снага е во зависност од големината и намената на самата врата. Автоматското управување може да биде со далечински управувач, копче или пак со мобилен телефон, притоа да не се потроши ниту еден импулс.

 

Додатоци

Елементи кои ќе го олеснат управувањето на сегментната врата и ќе ја надополнат безбедноста, естетиката и функционалноста се:

 

  • Фото ќелии кои можат да се постават на двете страни од влезот во просторот и да обезбедат запирање на вратата при појава на препрека;

  • Контролно светло кое ќе се свети при придвижување на вратата и ќе обезбеди полесна достапност и прегледност на влезот;

  • Контролен звучен сигнал за звучна сигнализација кога вратата е во движење.

  • Брава со клуч во кој е сместен механизам за префрлување од автоматско на механичко управување во случај на недостаток од електрична енергија или дефект на моторо;

  • Надворешна антена за зголемување на дометот на далечинскиот управувач.

  • ГСМ микропроцесор со чие вградување се овозможува управување на вратата со мобилен телефон (покрај можноста за управување со далечински управувач или копче) без трошење на ниту еден импулс.

 

Безбедноста на овој тип на врати е на највисоко ниво, освен убавиот и луксузен изглед и комфорот кој го даваат, создадени се да обезбедат сигурност на просторот. Дебелината на панелот и неговата изработка од челичен лим како и баравата или електромоторот обезбедуваат сигурност и тешко отворање на вратите од страна на неовластено лице/провалник.

Модерните гаражни врати обезбедуваат дополнителни погодности и безбедност додека истовремено изгледаат атрактивно. Време е да ја модернизирате вашата гаража а вистинскиот партнер за тоа е Златна Рака. Стандардните димензии кои можат да не се вклопат во вашиот гаражен простор веќе не се проблем, ние изработуваме врати по ваша мерка и потреба.

 

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System..

 

Галерија: