Камионски церади

Подвижна церада-прекривка е наменета за покривање на отоворени приколки, за камиони со приколки и влечени приколки. Церадата служи за заштита од растурање на материјалот кој се транспортира (земја, песок, жито…). Прекривката се поставува на специјални носачи-водилки кои се движат по страниците од приколката. Движењето го овозможува механизам за пренос, попречни држачи, водилки и сајли кои се постевено од двете страни на страниците на приколката. Висината на прекривцката во центарот на ширината од приколката може да биде од 15 до 50(cm). Попречните носачи-цевки се поставуваат на растојание од 80 до 95cm.

Прекривките се изработуваат во две варијанти:

  • Со РАЧНО управување (механизам за отворање-затворање).

  • Со ЕЛЕКТРИЧНО управување (електромотор-редуктор и механизам за движење.) Командувањето може да биде од надвор или од кабина со копче. Брзина на електрично затворање-отворање 15-20 cm/s.

Прекривките можат да бидат во разни бои и се наменети за стандардни надворешни температури до 50°C. По барање на инвеститорот вградуваме прекривки-церади отпорни на повисоки температури (максимална температура на транспортираниот материјал до 180-200°C), како на пример транспорт на асвалт.

Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.

Галерија: